Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Макфакс

30/06/2025

08:16

163

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.

Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.

Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.

Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.