[ФОТО] Баш како и неа и фустанот е – спектакл: Лорен Санчез ја маѓепса Венеција со креација на која ѝ се восхитува светот

Точка

27/06/2025

08:37

4.968

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез и Џеф Безос вчера биле забележани како го напуштаат својот хотел и одат кон воведниот настан по повод нивната венчавка, додека познатите гости пристигнувале во текот на целиот ден.

Популарната водителка блескала во фустан од модната куќа „Schiaparelli“ кој го истакнал нејзиниот струк благодарение на драматичниот корсет. Косата ја врзала во елегантно опавче, нагласувајќи го софистицираниот изглед.


Горниот дел од прекрасниот фустан бил составен од навезeни цветни мотиви во нијанса на сина и зелена боја, давајќи му на фустанот бајковит и луксузен карактер.

Овој модел бил прикажан претходно годинава на модна писта, а тогаш во него прошетала Кендал Џенер.

Додека Лорен била олицетворение на гламурот, Безос одлучил да биде облечен во лежерен стајлинг, кафеав костум, бела кошула без вратоврска и очила за сонце.

Гостите веќе почнале да доаѓаат во Венеција каде што ќе се одржи церемонијата, а Лорен пристигнала со хеликоптер.


За вечерата во средата таа заблескала во винтиџ модел од 2003 година, црн фустан со сјајни детали од модната куќа „Alexander McQueen“.

Воочи главниот ден, гостите веќе се собрале на вечерниот настан, а меѓу нив се и ѕвездите како Ким Кардашијан која носела впечатлив фустан со корсет од змиска кожа, нејзината сестра Клои и мајка им Крис Џенер.