[ФОТО] Со голиот стајлинг предизвикала лавина реакции: Ќерката на Кејт Мос има 22 години, велат дека е иста како мајка ѝ

Точка

25/06/2025

12:17

1.596

Големина на фонт

а а а

Многумина се согласни со тоа дека таа е вистинска наследничка на познатиот топ-модел.

Вчера во Париз била одржана ревијата на модната куќа „Saint Laurent“ во состав со актуелната модна недела која моментално се одржува во градот на светлината.

На овој настан присуствувале бројни познати личности, а она што многумина го забележале било тоа што имало многу деца на славните кои полека, но сигурно се движат по стапките на своите родители.


Меѓу нив се нашле и Матилда Пино, Амелија Гред и браќата Галагер, но сепак најголемо внимание привлекла наследничката на Кејт Мос, Лајла.

Нема кој од присутните не го коментирал нејзиниот стајлинг, а кога ќе ја погледнете ќе ви биде јасно и зошто. Имено, Лајла се определила за впечатливо здолниште со боја на кајсија.

Особено интересно кај ова здолниште е тоа што однапред е изработено во мини, а одназад во макси крој.

Носела и препознатлив „Saint Laurent“ ремен, а вториот дел од аутфитот е она кое го заинтригирало светот.


Имено, младата наследничка на Кејт Мос се определила за целосно проѕирна, тесна маица под која не носела апсолутно ништо.

Над градите ѝ биле поставени само прамените коса, кои не успеале да скријат многу. На нозете носела црни лакирани салонки, а целиот изглед го надополнила со природна, брановидна коса и минималистичка шминка.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?