[ВИДЕО] Патувала 30 часа за да го посети Мачу Пикчу: „Осум часа во авион, 17 часа автобус, возење велосипед и рафтинг, пет часа пешачење, за овој поглед“

Точка

25/06/2025

11:22

712

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката и травел блогерка Леони на својот профил @leonie.feliciaa сподели вирално видео во кое покажа што ја пречекало кога пристигнала на Мачу Пикчу, древниот археолошки комплекс сместен во Андите во Перу.

Леони патувала околу 30 часа за да стигне таму, па нејзините очекувања биле големи. Но, кога конечно го здогледала погледот, изгледала прилично разочарано.

„Да се види едно од седумте светски чуда: Мачу Пикчу. Осум часа во авион, 17 часа автобус, возење велосипед и рафтинг, пет часа пешачење, за овој поглед“, напишала таа во видеото во кое покажа дека сè е прекриено со магла.


Бројни тиктокери го коментираа видеото на Леони, кое е прегледано повеќе од 8,8 милиони пати. Се покажа дека таа не е единствената која доживеала разочарување.

„Би останал со денови додека не се разведри.“


„Мачу Пикчу толку ме разочара кога бев во јануари“, „Јас би останал таму со денови додека не се разведри, нема шанси да си заминам без да го видам“ и „Брате, затоа и избегнувам да планирам патување до Мачу Пикчу или да ја гледам поларната светлина — не би можел да го поднесам разочарувањето“, напишале некои од корисниците.

Често е прекриен со магла

Според податоците на страницата „Exploor Peru“, Мачу Пикчу често е прекриен со магла, особено во раните утрински часови, поради високата надморска височина и близината до Амазонија. Маглата може да биде многу густа, особено за време на дождливата сезона (од ноември до март), и може целосно да го сокрие погледот кон урнатините и околните врвови. Сепак, често се расчистува како што минува денот, па пејзажот може да се отвори и да понуди спектакуларни глетки.


Инаку, освен што е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, Мачу Пикчу во 2007 година беше прогласен за едно од новите седум светски чуда. Тој статус дополнително го зголеми бројот на посетители, а ова археолошко наоѓалиште годишно привлекува околу 1,6 милиони туристи.