Николоски oчекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција

Макфакс

24/06/2025

14:55

92

Големина на фонт

а а а

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи.

„Тука во главниот град Париз каде ќе се случат бројни средби на кои што ќе разговараме за зголемување на политичката и економска соработка меѓу Македонија и Франција.

Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за Европа во рамките на француската влада каде разговараме за подобрување на билатералните односи и во политичкиот и во економскиот дел, а во текот на попладнето ќе имаме средби со директорката на трезорот на Француската Република како и со директорот на Агенцијата за поддршка на Република Франција. Тука секако е и Министерството за еконсмија и финансии и средбата со 11 -те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат во Македонија, со цел во Македонија да се отвораат нови и добро платени работни места. Сметаме дека Македонија може да е атрактивна дестинацаија за француските компании и инвеститори“, вели тој.

Најави дека ќе се разговара за инфраструктурата и развојот во автопатскиот дел и делот на аеродромите и во делот на железницата.

„Двата македонски аеродроми се оперирани од француска компанија и сме многу задоволни како се одвива соработката особено со нови летови. Би сакал да ја потсетам македонската јавност дека 11 нови летови има во Македонија со доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека утре ќе има средба со министерот за транспорт, Филип Табаро, на која ќе се разговара за целокупната соработка меѓу двете држави. Ќе се разговара и за заштитата на Охрид и Охридското езеро и средбата со пратениците во Француското Национално Собрание каде ќе се зборува за подобрување на политичките односи.

„Сметам дека оваа државна посета ќе ги донесе на едно повисоко ниво односите меѓу Македонија и Франција што е од корист за двете држани, што значат многу за нас како земја членка во НАТО и партнер на Франција во НАТО и секако нашите амбиции за членство во ЕУ и најважното а тоа е подршка на македонскиот национален идентитет, засебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик”, истакна Николоски.