Лукаку имал улога во трансферот на Де Брујне во Наполи

Дерби

24/06/2025

12:25

179

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујне го избра реши најважното прашања, клубот во кој ќе ја продолжи кариерата по завршената приказна во Манчестер Сити, тим во кој се задржа една деценија и испиша историја во истиот.

Белгиецот се одлучи да замине во Италија и тоа во редовите на Наполи каде ќе има можност да игра заедно со сонародникот Ромелу Лукаку.

- Среќен сум што ни се придружува. Тој е токму она што му е потребно на Наполи за да го направи следниот чекор. Тукушто станавме шампиони и не сакаме само да ја одбраниме таа титула – сакаме и да се подобриме, - истакна Лукаку кој има своја улога во оваа операција.

- Разговарав со него неколку пати додека бев на репрезентативна должност, а и тој ми се јави еднаш. Му објаснив како функционираат работите тука. Му кажав и каде може да бара место за живеење и слични работи. Дрис [Мертенс] и јас се потрудивме да го убедиме, а Кевин го направи вистинскиот избор, - дополни Ромелу притоа истакнувајќи дека Кевин ќе добие голема љубов од навивачите.

- Играч на Наполи добива многу љубов. Среќен сум што Кевин ќе може да го доживее тоа. Играњето фудбал во Италија е неспоредливо – постои еден вид страст што не ја гледате на друго место. Ама има и лоша страна… Играв во клубови каде што навивачите се појавуваа на тренинзите кога работите не одеа добро. Не е пријатно, но те тера да сфатиш дека мора да дадеш сè од себе, секој ден, - рече голгетерот.