Ридигер пријави расиситички навреди, па сакаше да тепа со капитенот на Пачука

Макфакс

23/06/2025

11:22

98

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ја победи Пачука со 3:1 на клупскиот Мундјал. Натпреварот мина во сенка на жестокиот инцидент меѓу Антонио Ридигер и капитенот на Пачука, Густаво Кабрал.

Германскиот дефанзивец пријавил кај судијата Рамон Абати Абел дека бил цел на расистички навреди.

Судијата потоа, за прв пат во вакво натпреварување, ги прекрсти рацете пред градите, сигнализирајќи активирање на посебен протокол на ФИФА против расизмот.

Сè започна во првото полувреме кога Кабрал, според тврдењата од Реал, го удрил Ридигер, што германскиот дефанзивец не го заборавил. Нивниот судир продолжи вербално, при што Ридигер, потврдија клупски извори, приговорил на расистичките навреди на Кабрал во кои беа вклучени термини како „црнец“ и „мајмун“.

На пат кон соблекувалните, Кабрал наводно додал: „Ти си го.но…“, на што Ридигер одговорил: „Не би ми го кажал тоа внатре, ајде, да влеземе ако се осмелуваш“.

Вербалната комуникација можеше дополнително да ескалира доколку играчите и членовите на тренерските штабови не реагираа, успеаја да спречат поголем инцидент.