Вардар во Словенија се подготвува за новата сезона која ќе ја започне со настап во Конференциската лига на УЕФА, но додека започнат вистинските предизвици клубот носи играчи кои треба да го зголемат квалитетот и помогнат во остварување на амбиците.
Нов член на актуелниот освојувач на Купот на Македонија е интернационалецот од Аргентина, Диего Кастањеда.
Се работи за офанзивец кој може да одговори на повеќе позиции, играч кој во минатата сезона играше на Балканот и тоа за ОФК Петровац.
Таму на вкупно 31 натпревар постигнал 7 гола и забележал 3 асистенции. Инаку Диего има 27 години и во кариерата бил дел аргентинскиот великан Бока Јуниорс, поточно од втората екипа.