Иницијативата „Сите за Палестина“ во вторник, 24.06.2025, со почеток од 18:00 часот повикува на протестен марш со почеток од 18:00 часот пред Влада, а ќе заврши до Американската амбасада.
Протестот ќе се одржи под мотото „Од Скопје до Газа – народот вели НЕ!“
„Европската унија неодамна усвои историски висок воен буџет – 800 милијарди евра ќе бидат потрошени за наоружување, додека народот се соочуваа со економска несигурност, зголемена сиромаштија и недостапни јавни добра и услуги. Тоа не е буџет за мир – туку буџет за смрт, за профит на воените корпорации, а на сметка на работничката класа и младината ширум континентот. НАТО не штити – НАТО убива. Воениот пакт не е симбол на заедништво и безбедност, туку алатка на империјалната контрола. Наместо солидарност со потиснатите, се нудат ракети. Наместо хуманост – бомби. Западните влади под диктат на Вашингтон и Брисел, сè повеќе пари од јавните буџети пренасочуваат кон оружје и милитаризација. Ова го согледуваме и од македонската влада – кои радо би ги продале нашите животи на империјалистите. Во Украина, војната станува бескрајна машина за пари за воените индустрии, додека илјадници Украинци и Руси умираат. На Блискиот Исток, целиот свет е сведок на геноцид врз палестинскиот народ, извршен од израелската држава и поддржан со логистика и пари од НАТО, САД и ЕУ. Македонија не е неутрална“, се вели во најавата.