[ФОТО] Кројот ја нагласува фигурата, а бојата зрачи со елеганција и доминација: Брижит Макрон во ефектно издание одржа модна лекција

Точка

23/06/2025

10:15

742

Големина на фонт

а а а

Во градините на Елисејската палата била одржана прославата на Светскиот ден на музиката, а по тој повод, францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон го угостиле пејачот Фарел Вилијамс.

А, вниманието секако дека го привлекла првата дама на Франција која без оглед на жештините останала доследна до својот стил на ненаметливата француска елеганција.

Едноставните и неутрални тонови секогаш го красат нејзиниот стил, а така било и овојпат.


Елегантен, темносин костум – тоа бил нејзиниот избор. Класичниот крој е она што го красело.

Сакото имало подвиткани ракави и големи лажни џебови, додека пак долниот дел од костумот бил составен од тесни панталони кои ја следат линијата на тело.

Како и секогаш, модната комбинација на Брижит Макрон била едноставна, софистицирана и елегантно ефектна.


Костумот бил беспрекорно скроен, ја нагласувал фигурата, а темносината боја придонела во префинетоста и сериозноста.

Во комбинација со костумот Брижит носела едноставна блуза во иста нијанса на боја.

Ова монохроматско издание на првата дама на Франција како и секогаш е вистински моден погодок.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Брижит Макрон?