Ирански ракети погодија згради во Тел Авив

Макфакс

22/06/2025

09:39

248

Големина на фонт

а а а

Иран го погоди Израел со најмалку два брана проектили по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека најмалку 16 лица се повредени во иранските ракетни напади на израелска територија.

Во Тел Авив шест лица со полесни повреди се евакуирани од оштетена зграда, соопшти израелската полиција. Потрагата по луѓе кои би можеле да останат заробени под урнатините се уште трае.


Иранската државна телевизија објави дека во ракетниот напад утринава Иран цели на неколку локации во Израел, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Бен Гурион.

Според истите извори, други цели биле логистички бази, командни и комуникациски центри и центар за биолошки истражувања.

Иранската државна телевизија соопшти дека нападот го извршил Корпусот на Исламската револуционерна гарда, користејќи ракети со долг дострел.

Голема штета е забележана во Тел Авив, каде беа погодени неколку згради.