Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Макфакс

21/06/2025

13:16

168

Големина на фонт

а а а

Русија постојано му укажувала на Израел дека нема докази оти Иран планира да развие нуклеарно оружје, го цитира „Скај њуз“ рускиот претседател Владимир Путин во денешното интервју.

„Русија, како и ИАЕА (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано му укажувавме на израелското раководство“, изјави Путин.

„Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мировната нуклеарна програма“, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа.

На економскиот форум вчера во Санкт Петербург, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во иранско-израелскиот конфликт со двете страни.