Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако Велибор Манев го спомена во завршните зборови во судница од рочиштето за Вања и Панче.
Вработениот во НБРМ беше посочен како задолжен од Љупчо Палевски да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Детали од неговиот исказ не можат да бидат објавени во оваа фаза, но од Обвинителството соопштија дека за постапката ќе информираат во текот на денот.