[ВИДЕО] Снимен огромен кит во близина на Дубровник: Капачите во шок

Точка

20/06/2025

16:53

1.212

Големина на фонт

а а а

Кит бил снимен во близина на Дубровник, поточно во близина на островот Локрум. Тој го привлече вниманието на капачите кои беа на плажата.

Додека некои коментираа дека нема да се приближуваат до морето некое време, други се пошегуваа дека тоа би можело да биде можност за заработка и нов бизнис.


„Од денес, гледање китови од брегот – 250 долари“, гласи коментарот што насмеа многумина.

„Ќе почнам да поставувам штанд за 300 евра“, се пошегува друг корисник.

Најверојатно станува збор за перкаст кит

Се претпоставува дека на видеото бил перкаст кит, второто најголемо животно во светот – веднаш по синиот кит. Може да порасне до 26 метри и да тежи до 70 тони.

Препознатлив е по своето издолжено, тенко тело и интересна асиметрична боја на долната вилица – десната страна му е бела, а левата е темна. Исто така, тој е еден од најбрзите китови, способен да плива со брзина до 40 километри на час.


Овој вид обично живее во длабоките мориња и океани низ целиот свет, а ретко и најчесто случајно влегува во Јадранското Море.

Сепак, во последниве години, перкасти китови биле забележани кај Бриони, Вис, Шибеник и во Кварнерскиот Залив, што предизвика голем јавен интерес.