Жоан Гарсија прерасна во еден од најдобрите голмани во Ла Лига и според многумина беше и убедливо најстандарен изминатата натпреварувачка сезона, а во ситуација кога неговите амбиции не се поклопуваат со оние на Еспањол, беше јасно дека многу брзо ќе биде активираната неговата откупна клаузула.
Барселона веќе депонираше сума од 26 милиони евра во седиштето на Ла Лига и го направи најважниот чекор за комплетирање на трансфер, кој сега е јасно дека ќе се официјализира во најскоро можно време.
Потврда за тоа добивме и од самиот фудбалер, кој денеска ги искористи социјалните мрежи за да им се обрати на сите навивачи, но и вработени во клубот Еспањол.
Поради чувствителноста кај голем број навивачи на Еспњол кој се разочарани од неговиот „предавнички избор“, Гарсија не дозволи опција за коментари на објавениот пост, се со јасна цел да ги избегне навредите и омаловажувањата од оние кои не го сфаќаат неговиот потег.
– Дојде време да ни се разделат патиштата. Денеска дојде време да се збогувам од клубот кој беше мојот дом од моја 15-годишна возраст. Во цело ова време се обидував да растам како фудбалер, но и како личност. Секогаш го правев тоа со понизност, со голем напор и со гордост што го бранев голот на Еспањол.
– Дадов се што имав за да му помогнам на тимот, за да го претставувам овој грб со максимална енергија и за да бидам на нивото кое го бара овој дрес. Знам дека оваа одлука нема да ја разберат сите и не барам да го направите тоа. Сакам да знаете дека оваа одлука добро ја размислив, мислев само на мојата кариера, но и за доброто на клубот и моето семејство, – порача Гарсија кој од вкупно девет години, мина пет во младинската школа на Еспањол.