Болт: Ги сакам Ѓоковиќ и Јокиќ, но друг Србин има посебно место во моето срце

Дерби

18/06/2025

14:00

1.545

Големина на фонт

а а а

Јусеин Болт како најбрз човек во историјата вчера беше дел од церемонијата во Србија како еден од главните промотори на „ЕКСПО“ изложбата која ќе се одржи во 2027-ма година, а присуството на ценетиот спринтер од Јамајка секако привлече внимание за сите регионални, но и светски медиуми.

Како специјален гостин на претседателот Александар Вучиќ, Болт имаше низа обврски во текот на вчерашниот ден, но одработи и ексклузивно интервју за „РТС“ во кое говореше за сферата која него му е најблиска.

Како жива легенда на атлетиката, Јусеин не пропушти да ги коментира спортистите кои испишуваат историја за српскиот спорт, а тоа се Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.

– Постојат три момци кои се издвојуваат од Србија. Тоа се Ѓоковиќ кој е еден од најдобрите, ако не е и најдобар тенисер на сите времиња, Никола Јокиќ од Денвер и покрај тоа што навивам за Голден Стејт, но и трет Србин кој има посебно место во моето срце.

– Немања Видиќ има посебно место во моето срце. За мене тој е еден од најголемите, играше за мојот омилен клуб Манчестер Јунајтед, – открива Болт.