Интер и Монтереј одиграа 1:1 во натпреварот кој се одигра во раните утрински часови по средноевропско време, дуел кој беше продолжение на пресметката која беше најнеатрактивна во досегашниот тек на Светското клупско првенство.
Мечот меѓу Улсен и Мамелоди донесе најмал број навивачи на трибините и на онака скромните посети во САД, па единствено вредно се издвојување е тоа што тимот од Јужна Африка славеше со 0:1 (Мамелоди).
После тоа, во 3 часот наутро се одигра средбата во Калифорнија меѓу Монтереј и Интер, па иако капацитетот на стадионот беше половично исполнет, фановите гледаа далеку поквалитетен фудбал.
Монтереј се покажа како тврд орев и поведе со голот на легендарниот Серхио Рамос, а и покрај тоа што Интер одговори, сепак немаше сили за пресврт.
Кристијан Киву дебитираше со бод на клупата на Интер, тим кој во наредниот период ќе треба да докаже дека се опоравил од болниот пораз во Лигата на шампиони.
Италијанскиот состав беше подобар ривал севкупно гледано во текот на 90-те минути, но постигна само еден гол и тоа оној по мајсторски креираната акција од слободен удар (Лаутаро Мартинез).
Monterrey corner = Sergio Ramos goal 😤
— B/R Football (@brfootball) June 18, 2025
(via @DAZNFootball)pic.twitter.com/y0ezGjpz1L
Lautaro finishes off a textbook set piece for Inter 🎯
— B/R Football (@brfootball) June 18, 2025
(via @DAZNFootball)pic.twitter.com/tq3vnOeUD6