Доаѓањето на стјуардесите со колички полни со пијалаци за многу од патниците е врв во текот на долгиот лет, но една стјуардеса ги предупредува патниците дека еден пијалак можеби и не треба да го нарачуваат во авионите.
Според искуството на Су Фогвел, стјуардеса со дури 22 години искуство, популарниот пијалак блади мери можеби е најлошата идеја и избор да го нарачате во текот на летот.
Нејзиното предупредување изненадило многумина, со оглед на тоа што сокот од домати докажано има подобар вкус кога сте високо во воздухот, пишува британски „Дејли Мејл“.
Тоа е така поради тоа што притисокот во воздухот влијае на патниците така што чувствуваат потреба за нешто кисело и солено, а сокот од домати ги исполнува и двата услови.
Меѓутоа, искусната стјуардеса вели дека поради високото ниво на сол, ги избегнува таквите пијалаци затоа што таа комбинација за кратко време ги дехидрира патниците, особено доколку летот е долг. Истиот ефект го има и вотката која е дел од тој пијалак.
Стјуардесата ги предупредила патниците да не пијат ни „вода од чешма“ затоа што и таа никогаш не ја пие, како ниту чај, ни кафе затоа што се прават од истата таа вода.
Таа вели дека го прави тоа затоа што таа вода доаѓа од авионските танкери за вода.
Водата во шише е најдобрата опција за време на летот, а кафето треба да се избегнува веднаш по полетувањето. „Можеби звучи примамливо во текот на утринските летови, но кофеинот дополнително го дехидрира телото“, изјавила стјуардесата.