Ќерката на Брус Вилис откри потресни детали за состојбата на познатиот актер: „Денеска е тежок ден, чувствувам длабока болка во градите“

Точка

16/06/2025

14:29

1.538

Големина на фонт

а а а

Румер Вилис, ќерката на Брус Вилис, сподели трогателна порака по повод Денот на татковците, откривајќи ги најновите информации за сериозната здравствената состојба на славниот актер и борбата со деменцијата.

„Денеска е тежок ден, чувствувам длабока болка во градите бидејќи би сакала да разговарам со тебе и да ти раскажам сè што правам и што се случува во мојот живот“, напиша ќерката на Вилис на Инстаграм во неделата.

„Да те прегрнам, да те прашам за твојот живот, твоите приказни, твоите борби и твоите успеси. Жалам што не ти поставив повеќе прашања додека сè уште можеше да ми раскажеш сè. Но, знам дека не би сакал да бидам тажна денес, па ќе се обидам да бидам благодарна и да се потсетам колку сум среќна што токму ти си мојот татко и што сè уште си тука со мене“, додаде Румер.


„Сè уште можам да те прегрнам, да те бакнам во образ, да те погалам по главата и да ти раскажувам приказни“, рече таа.

Румер откри колку многу ѝ значи тоа што на Брус „му светнуваат очите“ кога ќе ја види нејзината двегодишна ќерка, Луета, која ја доби со нејзиниот поранешен партнер, Дерек Ричард Томас. „Ќе бидам благодарна за секој момент што го имам со тебе. Те сакам, тато, среќен Ден на татковците“, продолжи таа.

„Им испраќам љубов на сите кои се во иста ситуација како мене или ги изгубиле своите татковци, на самохраните мајки кои се и татковци и на мојот иден татко на моите деца…“


Заедно со пораката, Румер сподели серија фотографии со нејзиниот татко низ годините, вклучувајќи фотографија од Брус со нејзината ќерка.

Брус Вилис (70) се повлече од јавноста во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија. Една година подоцна, семејството објави дека познатиот актер се бори со фронтотемпорална деменција, болест што предизвикува проблеми со говорот и однесувањето.


Тој има три ќерки со поранешната сопруга Деми Мур (Румер, 36, Скаут, 33 и Талула, 31), со која беше во брак од 1987 до 2000 година. Поранешните сопружници останаа во добри односи, а Деми редовно го посетува Брус.


Меѓутоа актерот има и две помлади ќерки, Мејбл (12) и Евелин (10), со својата втора сопруга Ема Хеминг (46). Ема, со која тој е во брак од 2009 година, често споделува информации за здравјето на сопругот, истакнувајќи ги „монументалните подеми и падови“ низ кои минуваат.