Камбиасо за иднината во Јувентус: Единствената сигурна работа во животот…

Макфакс

16/06/2025

12:46

163

Големина на фонт

а а а

Андреа Камбиасо е поливалентен фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции и затоа често е интересен за повеќе екипи иако е под договор со Јувентус до 2029 година.

Тој во еден период се поврзуваше со Манчестер Сити, сега со можна преселба во Милан, меѓутоа италијанскиот репрезентативец нема дилеми кога е во прашање неговата иднина.

- Не сум добил никаков повик, можеби моите агенти добиле. Единственото сигурно нешто во животот е смртта, но јас сум среќен тука. Не сум разговарал со Тудор, но знам дека клубот и тренерот ме ценат многу. Ја чувствувам довербата на сите. Среќен сум во Торино и никогаш не сум побарал да си заминам, -вели дефанзивецот кој проговори и за тоа што може да се очекува од Јуве на Светското клупско првенство.

- И ние самите не знаеме бидејќи е првпат. Ќе биде изненадување, но самото тоа што сме тука за прв пат е одлично. Дефинитивно сме уморни, но играњето е наша работа и тоа е прекрасна работа, - рече Андреа.