Израелски министер утрово им се закани на граѓаните на Техеран, сега вели: Не мислев така

Макфакс

16/06/2025

12:44

839

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денес околу 11:30 часот дека „Израел нема намера физички да им наштети на жителите на Техеран“. Ова е обид да се ублажат заканите што беа упатени утрово и вчера до жителите на иранската престолнина, објави Ројтерс.

„Сакам да разјаснам очигледното: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран, како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече министерот Кац во соопштението.

Сепак, тој додаде дека „народот на Техеран ќе мора да ја плати цената на диктатурата и да ги евакуира областите каде што ќе биде потребно да се извршат напади врз режимски цели и безбедносна инфраструктура во Техеран“.

Што рече тој утрово, а што вчера?

Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако Кац јавно изјави дека „народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, нарекувајќи го иранскиот врховен лидер „кукавички убиец“ кој напаѓа израелски цивили за да ги спречи акциите на ИДФ.

Еден ден претходно, тој отиде чекор понатаму, велејќи: „Ако Хамнеи продолжи да испукува ракети врз израелски цивили – Техеран ќе гори“.