Големото засилување на Сити: Едвај го чекам дербито со Јунајтед, сакам да ги уништам!

Дерби

16/06/2025

12:25

259

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити комплетираше четири засилувања во раната фаза на летниот преоден рок, па Пеп Гвардиола ќе има четири нови фудбалери на располагање уште на Светското клупско првенство.

Последниот во низата нови засилувања беше Тиџани Рајндерс, но претходно Манчестер Сити го договори и возбудливиот крилен фудбалер Рајан Шерки, кој сега станува уште поинтересен фудбалер за фановите поради нерасчистените сметки со Манчестер Јунајтед.

Големиот ривал на Сити го исфрли неговиот Лион на болен начин во четвртфиналната фаза во Лигата на Европа, па очигледно Шерки се уште чувствува последици од лудиот пресврт на „Олд Трафорд“.

– Јас сум дете од Лион и воопшто не ми се допадна начинот на кој испаднавме од Манчестер Јунајтед.

– Да бидам искрен, едвај го чекам мечот со Јунајтед, сакам да ги уништам! Дојдов во Манчестер Сити за да победувам на секој нареден натпревар, – потенцира Шерки.