Википедија се откажа од функција која дополнително ќе ја закомпликуваше

Точка

16/06/2025

10:41

407

Големина на фонт

а а а

Википедија се повлекува од планот за тестирање на вештачки интелигентни резимеа на статиите.

Платформата претходно овој месец најави дека ќе ја тестира оваа функција на околу 10 проценти од корисниците на мобилната верзија на веб-страницата, но реакциите од уредниците беа далеку од позитивни. Фондацијата "Wikimedia" (WMF) поради тоа ги промени своите планови и го откажа тестирањето.

Еден уредник напиша: „Само затоа што "Google" ги претстави своите "AI" резимеа, не значи дека ние треба да ги надминеме. Искрено ве молам да не го тестирате ова – ни на мобилна верзија, ни на кое било друго место. Тоа би ѝ нанело моментална и неповратна штета на нашата публика и на нашата репутација како релативно доверлив и сериозен извор.“


Забелешките не беа насочени само кон самата идеја – уредниците ја критикуваа и некомерцијалната организација поради исклучување на заедницата од фазата на планирање.

„Исто така велите дека за ова имало ’дискусија‘, што е смешно, бидејќи ’дискусијата‘ за која зборувате има точно еден учесник – оригиналниот објавувач, кој исто така е вработен во WMF“, напиша друг уредник.


Фондацијата "Wikimedia" за "Engadget" изјави дека „истражувала начини за да ја направи Википедија и другите проекти на "Wikimedia" подостапни за читатели ширум светот“.

„Во рамките на овој експеримент, резимеата беа генерирани од моделот "Aya" со отворен пристап, развиен од "Cohere". Целта беше да се процени дали постои интерес за ваква функција и да ни помогне да размислиме каков тип на систем за модерација од заедницата би бил најсоодветен – за да се осигураме дека луѓето и понатаму остануваат клучен фактор при одлучувањето какви информации се прикажуваат на страницата“, додадоа од "WMF".