Шпанија е позната како земја која има сложен даночен систем поради кој често спортските ѕвезди знаат да завршат пред суд, но како што јавуваат медиумите од оваа земја, уште посложен е даночниот систем на Франција кога се во прашање професионалните тенисери.
Карлос Алкарас во неделата ја освои втората титула на Ролан Гарос и заработи рекордни 2,5 милиони евра како најдобар на турнирот во Франција, но сега шпанските медиуми откриваат дека Карлитос голем дел од парите ќе врати на исполнување на даночни обврски.
Алкарас ќе мора да се одрекне од речиси од половина од износот кој го заработи, бидејќи во Франција плаќаат данок и тенисерите кои доаѓаат од друга земја, без оглед на тоа што добивката потоа треба да ја пријават и во родната земја.
Според математиките на угледните шпански медиуми, вкупниот државен и регионален данок кој ќе мора да го плати Алкарас достигнува 46 посто од неговата добивка, што значи дека Карлитос ќе остане без 1,18 милион евра.
Од вкупната добивка од 2,5 милиони евра, Алкарас на крајот ќе инкасира 1,3 милиони евра и вкупно во кариерата стигнува до бројот од 38 милиони евра заработени од професионални турнири.
Френч Опен оваа година имаше рекорден вкупен награден фонд од 56,3 милиони евра, што претставуваше за раст од 5,3 посто во однос на минатата година.
Алкарас во неделата го победи Јаник Синер во епско финале со неверојатен пресврт, а тоа за него беше петта грен слем титулата во кариерата на 22-годишна возраст.