Манчестер Сити сериозно си ја сфати работата пред стартот на Светското клупско првенство и му обезбеди неколку важни засилувања на Пеп Гвардиола, кој сега ќе има значително посилен состав на премиерниот клупски мундијал кој ќе се одигра среде лето.
Клубот од „Итихад“ завчера ги потврди ангажманите на Маркус Бетинели и Рајан Аит-Нури, вчера го официјализираше Рајан Шерки од редовите на Лион, а ова утро продолжи да ги радува своите фанови.
Манчестер Сити ја спроведе во дело најсложената операција во раната фаза од летниот преоден рок, но од денеска Тиџани Рајндерс и дефинитивно е нов член на тимот кој го води Пеп Гвардиола.
Фантастичниот холандски репрезентативец беше најдобар играч на Милан две сезони по ред, па сега ќе биде големо освежување за средниот ред на Пеп.
Манчестер Сити плати фиксни 55 милиони евра за играчот од средниот ред, но целиот пакет може лесно да стигне до 70 милиони евра со неколку вклучени бонуси.