Кејт Мидлтон е во брак со принцот Вилијам од 2011 година, со кого има три деца: Џорџ, Шарлот и Луис.
Меѓутоа, идната кралица била вљубена и пред Вилијам, а еден од мажите кој го освоил нејзиното срце во нејзината рана младост бил Виљем Маркс.
Таа се забавувала со него додека студирала на колеџот Марлборо во 2000 година, пред да се пресели во Шкотска за да студира на Универзитетот Сент Ендрус, каде што го запознала сегашниот сопруг.
Иако врската на Кејт и Виљем била кратка, тие останале во пријателски односи.
Не се знае многу за деталите од нивната врска, но британските медиуми ја означиле како „прва љубов“ на Кејт Мидлтон.
Тие останале во пријателски односи, па Виљем бил поканет на нејзината свадба со принцот Вилијам. „Виљем многу ѝ значи на Кејт“ изјавил извор за „Телеграф“ во тоа време.
Меѓутоа, во разговор со новинар кој му се обратил на Маркс по повод венчавката, тој „го минимизирал значењето на кралската венчавка“, напишал колумнистот на овој весник во тоа време.
„Луѓе како вас треба да се фокусираат на важни настани што се случуваат во овој момент ширум светот. Ви предлагам да известувате за нешто што е всушност важно. Бог знае дека има доволно работи што се случуваат во светот“ рекол Виљем кога бил прашан за кралската венчавка и дали ќе присуствува.
На крајот, сепак присуствувал.
Во 2014 година, Виљем се оженил со перуанската водителка, Џоана Бора, со која има син, Диего.
Тој живее во Лондон, работи како новинар за CBNS, и е специјалист за геополитички и религиозни прашања. Покрај англиски, зборува и француски и италијански.