[ФОТО] Се сеќавате ли на малата Ајше од серијата „Кога лисјата паѓаат“? Се откажала од глумата, завршила тежок факултет, а денес е вистинска убавица

Точка

13/06/2025

11:10

4.803

Големина на фонт

а а а

Серијата „Кога лисјата паѓаат“ е една од оние што ги држи гледачите „приковани“ за малите екрани. Сагата за патријархалното семејство Текин, полна со неочекувани пресврти, кај нас за прв пат беше емитувана пред повеќе години, а една од хероините што ги освои срцата на сите гледачи беше малата Ајше.

Улогата на Ајше во серијата „Кога лисјата паѓаат“ ја толкувала Шебнем Чичели. Во времето кога се снимала серијата, од 2006 до 2010 година, Шебнем била најпопуларната турска детска актерка. Поради нејзиниот голем талент и „снаодливоста“ во замислениот лик, режисерите ѝ предвидоа голема актерска кариера. Меѓутоа Шебнем се свртела кон сосема друга професија.


Родена во 1998 година, Шебнем Чичели учествувала во два кратки филма по серијата, што ѝ донело вртоглава популарност како во Турција така и во сите други земји каде што се емитувала серијата. После тоа, преслаткото девојче решило да заврши основно и средно училиште, а потоа се запишала на студии по право. Дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Озјегин.



Шебнем израснала во преубава девојка, а цврсто е решена да изгради кариера во областа на адвокатурата. Денес има 27 години и речиси никој не би ја препознал. Иако се збогувала со светот на глумата, таа останала во контакт со Бену Јилдиримлар, која ја толкувала нејзината најстара сестра Фикрет во серијата „Кога лисјата паѓаат“.


„Таа порасна со нас. Секогаш беше многу педантна и следеше што правиме. Верувам дека во иднина ќе дознаеме како влијаевме врз неа. Таа беше најизморена за време на снимањето на серијата, бидејќи одеше на училиште и доаѓаше на снимање во исто време“, рече Бену.

Шебнем има и добри искуства од снимањето на серијата:


„Моето семејство никогаш не ме притискаше да продолжам со глумата, ниту ме спречуваше да останам во таа индустрија. Кога бев девојче и ми беше понудено да играм во ТВ серија, моето семејство постапи во согласност со мојата тогашна одлука. Кога заврши снимањето на серијата, се свртев кон образованието“, изјави Чичели.



Во интервјуата за турските медиуми, популарната Ајше изјави дека би сакала да се занимава со медицина во судската област. Тој сон сè уште не го остварила, но со оглед на нејзината досегашна упорност, нема сомнение дека ќе стане адвокат по медицинско право во годините што доаѓаат.