Гвардиола добива магија во нападот: Сити го потврди третото летно засилување во неполни 48 часа

Дерби

11/06/2025

08:17

553

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити работи со забрзано темпо и сака да го засили тимот со неколку фудбалери пред стартот на Светското клупско првенство, па така во период од 48 часа го потврди и третото засилување.

По голманот Маркус Бетинели од Челси и левиот бек Рајан Аит Нути од Вулверхемптон, Манчестер Сити денеска го потврди и највозбудливиот фудбалер за кој се говореше во последно време, Рајан Шерки.

Новопечениот француски репрезентативец блесна на дебито за националниот тим и само потврди зошто е будно следен од Пеп Гвардиола, тренер кој сега добива магија плус во нападот.

Шерки има огромен потенцијал и стави потпис на петгодишен договор, а постигнат е договор со Лион да биде ослободен и за настап на Светското клупско првенство.

Трансферот го чини Сити фиксни 36 милиони евра, со тоа што со одредени бонуси истиот може да достигне и 42 милиони евра.