"Meta" работи и на "AI" модел што требаше да биде претставен минатиот месец, но неговото лансирање беше одложено поради, како што е наведено, „загриженост околу неговите способности“.
Откако вложи милијарди долари во Метаверзумот, а потоа речиси се откажа од тој проект, Марк Закерберг се насочи кон вештачката интелигенција.
Не е тајна дека "Meta" развива сопствена вештачка интелигенција. Една од верзиите, "Meta AI", корисниците можат да ја испробаат на платформите на "Meta", како што се "WhatsApp" или ''Messenger".
Сепак, во "Meta" се развива и понапредна верзија на вештачка интелигенција. Според информациите објавени од "Bloomberg News", Зукерберг собира тим од експерти чија главна задача би требало да биде развој на т.н. „општа вештачка интелигенција“ (AGI), односно вештачка интелигенција чии способности би биле на ниво или над оние на човекот.
На тимот би требало да му се приклучи и основачот на компанијата "Scale AI", Александр Ванг, откако "Meta", според гласините, ќе ја купи неговата компанија за повеќе од 10 милијарди долари. Според информациите на "Bloomberg", тимот на крајот би требало да брои околу 50 луѓе.
Да потсетиме, "Meta" работи и на "AI" модел што требаше да биде претставен минатиот месец, но неговото лансирање беше одложено поради, како што е наведено, „загриженост околу неговите способности“.