"Ryanair" повторно ги насмеа патниците: „Нема надомест за аплауз по слетување. Засега“

Точка

11/06/2025

21:12

1.327

Големина на фонт

а а а

Авиокомпанијата "Ryanair", позната по своите духовити објави на социјалните мрежи, повторно стана хит на интернет.

„Нема надомест за аплауз кога авионот ќе слета! Засега“, напишаа од компанијата во објава која брзо собра над 6.600 лајкови и бројни коментари — дел од нив беа искористени за шеги на сметка на патниците.

„Ќе има надомест ако пилотот започне да аплаудира“

Меѓу коментарите се најдоа и: „Ваквите луѓе треба да се казнуваат“, „Ќе има надомест ако пилотот почне да аплаудира“, „Сè уште немам видено слетување со ваши авиони кое заслужува аплауз“, „Тогаш ќе треба да си ги врзам рацете за седиштето“, „Аплаузот е тежок кринџ“, „Само сме пресреќни што преживеавме и стигнавме на копно“ и „Ве молам воведете надомест за патниците кои веднаш стануваат од седиштата по слетување. Сигурен сум дека си велите: како не се сетивме на ова порано“.


Зошто некои луѓе аплаудираат по слетувањето?

Иако сè поретко, аплаузот по слетувањето и понатаму предизвикува поделени мислења меѓу патниците. На форуми како "Travel StackExchange" се наведува дека оваа појава често се гледа како знак на благодарност до пилотот и екипажот — особено по мирен лет или комплицирано слетување.

„Знак на благодарност — колку е посмирен летот или посложено слетувањето, толку е посилен аплаузот. Поевтино е од испраќање цвеќе“, коментира еден корисник. Други посочуваат дека тоа е израз на олеснување и среќа што летот завршил безбедно, особено по турбуленции.