Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро го коментираше неверојатното финале на Ролан Гарос.
Шпанецот Карлос Алкараз го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер во финалето на Ролан Гарос и ја одбрани титулата. До победата дојде со пресврт, каде што спаси три меч топки, а потоа победи со 3:2 во сетови.
Мекинро беше импресиониран од нивната игра.
„Знам дека сум луд што го кажувам ова, но верувам дека Карлос Алкараз и Јаник Синер, со играта што ја одиграа во финалето, ќе беа фаворити против Рафаел Надал во неговите најдобри денови“, рече легендарниот Американец за „TNT Sports“.
„Свесен сум како звучи она што го кажав бидејќи ерата на тројцата најдобри играчи во историјата што траеше 20 години штотуку заврши. Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Исто така, знам дека Надал го освои Ролан Гарос 14 пати“.
Сепак, тој верува дека на Алкараз и Синер ќе им биде тешко да ја насминат големата тројка.
„Дали мислам дека ќе стигнат до 20, 22 или 24 Гренд слем титули? Не верувам во тоа бидејќи тоа ниво е многу високо. Речиси е невозможно бидејќи многу работи можат да се случат. Тоа е како да гледате НБА и да велите дека никој не може да биде подобар од Мајкл Џордан.“