Холивудскиот глумец Џаред Лето, се најде во центарот на скандал откако дури девет жени јавно проговорија за неговото наводно несоодветно однесување. Нивните сведоштва вклучуваат обвинувања за вознемирување, сексуални инсинуации и обиди за заведување малолетнички, а сето тоа поттикнато од неодамнешната објава на социјалните мрежи што повторно отвори стара тема за „тајната“ која, како што тврдат, долго време циркулира во Холивуд.
„Јавна тајна“ во Холивуд
Една од жените кои одлучија да проговорат тврди дека Лето е познат по несоодветно однесување со години.
„Тоа е јавна тајна долго време“, изјави таа за „Ер Меил“. Сето тоа повторно се појави во јавноста откако диџејката од Лос Анџелес, Али Теилц, сподели стара објава на Инстаграм во која тврдеше: „Не си вистински во Лос Анџелес сè додека Џаред Лето не се обиде да ти направи нешто зад сцената… во килт и снежна капа“.
Теилц додаде: „Бев нападната и трауматизирана од тој човек кога имав 17 години“. Според нејзините зборови, Лето знаел колку години има таа, но тоа не го спречило. „Она што го направи беше предаторско, застрашувачко и неприфатливо“, тврди диџејката.
Несоодветни контакти со малолетнички
Друга жена тврди дека Лето ја контактирал кога имала само 16 години, во популарното „Урт Кафе“ во Лос Анџелес во 2006 година. Актерот наводно тогаш бил во друштво на Ешли Олсен.
„Се обидов да одам во тоалет, а тој ме зграпчи за рака. Погледнав и сфатив дека е Џаред Лето“, изјави таа за „Ер Меил“. По краток разговор, Лето го запишал нејзиниот телефонски број и набрзо ѝ се јавил.
„Се сеќавам дека звучеше чудно, не знам дали беше под дејство на дрога или нешто друго… Тоа беше најчудното и најодвратно искуство“, рекла анонимната жена. Според нејзините тврдења, Лето ја преминал границата за време на нивните последователни разговори и поставувал недолични сексуални прашања.
Портпаролот на Лето одговори дека актерот не пие ниту користи дрога повеќе од 35 години.
Слични искуства на други жени
Манекенката Лаура Ла Ру тврди дека имала слично искуство со Лето во 2008 година, кога имала само 16 години, а Лето 36.
„Ме праша колку години имам, реков дека имам 16. Сепак ми го побара бројот“, рече Ла Ру. Подоцна го посетила неговиот дом во Лос Анџелес, каде што Лето наводно флертувал со неа и ја задевал цело време.
Портпаролот на Лето ја негираше нејзината приказна, тврдејќи дека нивните контакти биле професионални и дека Ла Ру подоцна дури се обидела да стане негова лична асистентка.
Необични забави и сексуални алузии
Четвртата жена тврди дека го запознала Лето во клуб за постари од 18 години, каде што неговиот асистент го побарал нејзиниот број.
„Завршивме заедно во клуб, а подоцна се дружевме неколку пати кај него дома, но тој беше чуден“, се сеќава таа. „Некои луѓе сакаат необични работи, но неговиот вид фетиш не ми одговараше.“
Петтата жена тврди дека почнала да флертува со Лето како малолетничка, а врската ескалирала кога таа наполнила 18 години. „Во една прилика, тој ги извадил половиот орган и почнал да мастурбира. Потоа ја ставил раката на себе и рекол: „Сакам да ми плукнеш на тоа.“
Изворите исто така тврдат дека многу млади девојки често биле присутни на забавите на Лето во Лос Анџелес, а соодносот бил околу 60 млади жени на 4-5 мажи. Очигледно, целта била да ги убеди девојките да се соблечат и да се бањаат во неговиот базен.