[ВИДЕО] По долги години трупање смет, се чисти депонијата на патот кон Езерани

Макфакс

04/06/2025

13:36

796

Големина на фонт

а а а

По долги години трупање смет, утрово ученици од Преспа и механизација од ЈКП „Пролетер“ почнаа да го чистат ѓубрето од депонијата на патот кон Езерани близу Преспанско Езеро во акција под мотото „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, организирана од Институтот за комуникациски студии.

Околу Преспа досега се мапирани над 30 диви депонии кои веќе се ставени на листа за чистење.

Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, најави дека заедно со чистењето на депониите, на домаќинствата бесплатно ќе им поделат канти за селектирање на отпадот, а ќе работат и на подигање на свеста кај населението за фрлањето ѓубре.


„Влегуваме во чистење на 30 вакви локации, но и на подигање на јавната свест за селектирање на отпад, компостирање и сл. Да ги замолам граѓаните да престанат да фрлаат ѓубре, депонијата бесплатно може да ја користат“, рече градоначалникот Тозиевски.

Со проектот организиран од Институтот, за почеток ќе бидат исчистени осум диви депонии.


Од Институтот велат дека целта им е да иницираат промени.

„Истражувањата покажуваат дека главните извори на загадување се ниската еколошка свест, недоволната опременост и неефикасното собирање на отпадот. Со оваа кампања сакаме да иницираме промена во секојдневните навики на граѓаните и да ги мотивираме да станат дел од решението“, нагласи Дејан Андонов од ИКС.

Ист е и ставот на ЈКП „Пролетер“ кои неодамна со европски пари го засилиле возниот парк.


„Преку партнерство со граѓаните ќе настојувваме да дојдеме до трајно решение за отпадот. Досега ситуацијата ни беше лоша со опременоста со возила, но преку проектот ‘ЕУ за Преспа’ добивме камиони за собирање за смет и ќе почнеме да го собираме онаму кадешто до сега не се собираше“, рече директорот ЈКП „Пролетер“, Марчел Русу.

Акцијата за чистење е поддржана од „Еко герила Преспа“ кои сметаат дека главен проблем за трупањето отпад на недозволени места е ниската свест кај жителите.

Градоначалникот Тозивски рече дека ќе настојуваат со оплеменување на локациите кои се претворени во депонии ќе настојуваат да ом укажат на жителите дека тоа не се места за фрлање ѓубре оти за казнување немаат капацитет со тројцата инсоектори кои ги имаат.