Адриен Рабио пет години беше стандарден член на Јувентус или поточно до 2024 кога се врати дома и потпиша за Олимпик Марсеј.
Тоа секако беше изненадување затоа што Рабио беше важен дел од „бјанконерите“ со кои ги освои сите трофеи на домашната сцена додека настапуваше за италијанскиот прволигаш.
Меѓутоа не дојде до продолжување на соработката, па Французинот по скоро една година се отвори на темата и го посочи спортскиот директор Кристијано Џунтоли како основна причина да си замине од Торино.
- Имаше интерес да продолжиме заедно. Тијаго Мота исто така ми се јави, но Џунтоли не го направи она што беше потребно за да ме убеди. И немав чувство дека сака да изгради нешто важно. Со оглед на нивната хаотична сезона, можеби бев во право, - истакна Рабио и додаде:
- Веќе неколку години не беа направени никакви трансфери достојни за Јувентус и тоа ме фрустрираше бидејќи имав впечаток дека малкумина од нас на теренот го правеа она што беше потребно. Не сакав да продолжам во тие услови, - заклучи 30-годишниот Парижанец.