Барселона имаше одлична сезона, сезона во која ги освои сите трофеи во домашните натпреварувања (Примера, Купот и Супер Купот) и стигна на чекор од финалето на Лигата на шампионите со што покажа дека екипата се движи во вистински правец под водство на Ханси Флик.
Сепак има простор за напредок, за подобрување и Флик во соработка со спортскиот директор Деко и останатите луѓе од упрвата ќе се обидат да донесат неколку нови имиња, освежувања со кои тимот би бил покомпетитивен и на повисоко ниво.
Веќе е официјализиран трансферот на Жоан Гарсија од Еспањол, доста се говори за операцијата Нико Вилијамс, но во меѓувреме каталонците се на добар пат да добијат и едно неочекувано засилување.
Фабрицио Романо кој е познат како новинар кој секогаш има проверени информации пренесува дека Барса е на добар пат да го ангажира талентираниот Руни Бардагжи.
Се работи за играч кој има 19 години и настапува за ФК Копенхаген, играч кој е под договор до крајот на годинава што значи дека шпанскиот тим за мала сума на пари би го добила неговиот потпис.
Романо информира дека двете страни се пред договор, остануваат уште да се заокружат финалните детали за да се комплетира зделката за офанзивецот кој е десно крило.