Актерот Мајкл Џеј Фокс, со години пред камерите се бори со опасната болест Алцхајмер, а неодамна публиката имала можност да го види на доделувањето на „BAFTA“ наградите.
Овој шармантен актер немал лесен живот. Од детството започнала неговата борба. Растел во Ванкувер со татко му Вилијам, поранешно воено лице . Почнал да глуми во текот на школските денови, главно во претстави за да може да запознава девојки, а потоа сфатил дека е многу талентиран.
Поради тоа одлучил да го напушти училиштето и да се пресели во Лос Анџелес за да се занимава со актерство.
„Живеев на работ. Имав 18 години, без пари, без врски, буквално копав по контејнери за храна“, изјавил Мајкл во едно интервју.
Многу неуспешни аудиции не ја нарушиле неговата самодоверба, а во друштвото со бројни актери на сетот на комедијата од 1989 година во себе размислувал: „Зошто ова ќе ми успее мене, а нив не?“.
„Не дека им посакував несреќа или лоша среќа, им го посакав најголемиот успех на светот. Но, знаев дека само јас ќе успеам. Бог знае зошто“, објаснил актерот.
Инаку, Мајкл повеќе од 30 години се бори и со Паркинсонова болест, а во последно време здравствената состојба му се влошила, па е во инвалидска количка.
Тој во едно интервју изјавил:
„Нема да ја дочекам 80 година“.
„Да, смртта тропа на врата. Нема да лажам. Станува тешко. Секој ден сѐ потешко“, раскажал Мајкл, а потоа открил дека имал операција за отстранување на бениген тумор, па зафатот му го нарушил одењето.
„Не се умира од Паркинсонова болест. Се умира со Паркинсонова болест. Така што размислував за смртноста на оваа болест“, раскажал Фокс.