Асистент на Слот го напушта Ливерпул за да биде нов тренер на Ајакс

Дерби

28/05/2025

13:33

205

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ја заврши сезоната со триумф во Премиер лигата, а менаџерот Арне Слот не можеше да посака подобра дебитантска сезона на клупата на „црвените“.

Следната сезона ќе донесе одредени промени во составот, но Слот ќе треба да си најде и нов прв асистент, откако сегашниот Џони Хајтинга решил да се врати во Холандија.

Хајтинга добил повик од Ајакс за да го преземе холандскиот великан во комбинација со Марсел Кајзер, со што клубот од Амстердам ќе го реши проблемот со обезбедување наследник за Франческо Фариоли.

Фариоли го напушти Ајакс откако неговиот тим ја испушти титулата во финишот на сезоната, па раководството решило да му се обрати на Хајтинга, кој претходно работеше во младинската академија и во вториот тим.

Кајзер е поискусен тренер, кој ќе му биде главен соработник, а последно го водеше Ал Шабаб во 2023 година.