Јувентус врши притисок врз Реал за заем на еден фудбалер

Дерби

28/05/2025

12:00

824

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид отвора нова етапа под водство на Чаби Алонсо, а новиот тренер треба да повлече и одредени потези со кои ќе биде појасна и иднината на дел од актуелните фудбалери.

Шпанскиот клуб е расположен за позајмување на дел од играчите кои нема да бидат во прв план, а на такво сценарио се надева и Јувентус и тоа во конкретниот случај со Ендрик.

Бразилецот немаше голема минутажа под водство на Карло Анчелоти и мали се шансите тоа да се промени и во ерата на Алонсо, нешто што го мотивирало раководството на Јувентус да инсистира на можност да го позајми талентираниот напаѓач.

Повеќе клубови се заинтересирани за Ендрик, но според „Ел Чирингито“, Јувентус отишол најдалеку и влегол во поконкретни преговори со Реал и агентите на фудбалерот.

Ендрик сигурно сака да настапува за екипа која ќе му овозможи поголем простор за докажување, но во моментов нејасно е дали Реал би сакал и можел да го отстапи бразилскиот интернационалец, нешто што Јувентус веројатно ќе го дознае наскоро.