Приведено лице барано по две централни потерници

Макфакс

28/05/2025

08:51

298

Големина на фонт

а а а

Полицијата приведе криминалец кој е бара по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена.

Според информациите на МВР, вчера во 12 часот на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Г. (46) од Скопје. За него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена.

Уапсениотќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа