Алонсо верува во играчот кој многумина го преселија од Мадрид: Сметам на него

Дерби

27/05/2025

14:43

1.357

Големина на фонт

а а а

Родриго не заигра на последните натпрвари на крајот од сезоната и остави простор за низа шпекулации за неговата иднина, особено во ситуација кога следната сезона крај себе нема да го има тренерот кој неизмерно му веруваше, Италијанецот Карло Анчелоти.

Иако официјална причина за неговото неиграње беше болест, па повреда, медиумите од Мадрид го посочија Родриго како играч кој многу лесно може да си замине ова лето, а бидејќи многумина веќе го преселија надвор од „Сантијаго Бернабеу“, прашање на оваа тема доби и новиот тренер на Реал.

Чаби Алонсо на својата промоција нагласи дека е добро запознаен со сите квалитети кои ги поседува Родриго, кој според него е фудбалер кој ќе му биде потребен во сезоната во која за цел си постави да ги забавува навивачите со атрактивен и офанзивен фудбал.

– Се уште не сум водел разговор со Родриго, но тој е играч на Реал Мадрид и е под договор со клубот. Кога ќе дојде време, ќе разговарам со сите играчи од првиот тим на Реал.

– Секој играч заслужува разговор, треба да се запознаеме и да ги споделиме идеите. Родриго е спектакуларен фудбалер и тоа е факт кој не треба да ви го откривам јас. Потребен му е на тимот и ние сметаме на него, – изјави Алонсо.