Чаби пресекол: Реал ќе го враќа играчот кој блесна во Италија

Дерби

27/05/2025

12:51

1.043

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо вчера беше официјално претставен како нов тренер на Реал Мадрид и ја одработи првата прес-конференција во друштво на Флорентино Перез, па за време на обраќањето, самиот потврди дека дел од одлуките кои биле донесени пред неговата промоција биле синхронизирани до водечките луѓе.

Заминувањето на Модриќ и пристигнуваето на Хаусен се две одлуки за кои зелено светло дал и новиот тренер на Реал, но како што јавува угледната „Марка“, Алонсо сега лично побарал од Флорентино Перез да ја комплетира операција на која се мисли подолго време.

Нико Паз блесна во редовите на Комо и привлече внимание со своите настапи во Серија А, па после само една година во италијанскиот фудбал, Аргентинецот е пред враќање во Реал Мадрид.

„Кралевите“ задржаа ексклузивно право да го вратат во своите редови до 2027-ма година, но според „Марка“, планот на Алонсо е во Нико да добие големо засилување за Светското клупско првенство кое следи во јуни, па сака да го добие најбрзо што може.

Ексклузивното право кое го ужива „кралскиот клуб“ значи дека Реал ќе мора да исплати 8 милиони евра во касата на Комо за враќање на својот фудбалер, сума која можеше да достигне и над 20 милиони евра ако „кралевите“ се одлучеа за такво нешто во 2027-ма година.

Со Чаби како тренер, Паз треба да добие голема шанса за докажување две години порано, сето тоа како резултат на одличната сезона во Серија А во која запиша дури девет асистенци, но постигна и шест погодоци.