По завршената незаборавна етапа во Реал Мадрид и низата емоции кои ги доживеа во саботата, Карло Анчелоти вчера беше официјално промовиран и претставен како нов селектор на Бразил, предизвик кој дефинитивно му носи нешто ново на Италијанецот кој оствари безброј успеси на клупско ниво.
Анчелоти за првпат во кариерата ќе води една репрезентација, а со оглед на статусот кој го ужива, за задача доби да ја води селекцијата која има освоени најмногу светски првенства во историјата.
Со оглед на медиумското внимание кое го предизвика неговиот трансфер во Бразил, сите очи беа вперени и кон првата листа која ја објави Карлето како бразилски селектор, а покрај враќањата на Касемиро и Антони, во прв план се најде и изостанокот на Нејмар.
Отсуството на Родриго беше очекувано поради повредата на напаѓачот на Реал Мадрид, но Дон Карло мораше да објаснува зошто не го вметнал и Нејмар во списокот од 25 играчи.
– Целта беше да селектирам играчи кои се целосно здрави и кои се чувствуваат добро. Нејмар неодамна се врати од повреда и кога гледаме на него на долг рок, се уште сметаме дека е важен играч за тимот. Сметаме на него и се надеваме дека ќе се врати во најдобра форма. Тој се врати во Бразил за да биде најдобро подготвен за мундијалот наредната година. Јас веќе зборував со него, му ја објаснив мојата одлука и тој се согласи со мене, – откри Анчелоти.
TIME CONVOCADO! 🇧🇷
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) May 26, 2025
O treinador da Seleção Brasileira, Carlo Ancelotti, anunciou nesta segunda-feira (26) a lista dos convocados para os jogos contra Equador e Paraguai, pelas Eliminatórias da Copa do Mundo 2026.
ISSO É BRASIL! 🇧🇷 pic.twitter.com/oYWYg7R8mh