Зидан за највозбудливиот играч во Европа: Никогаш не сум видел нешто слично!

Дерби

27/05/2025

12:22

298

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан долго време остана тренерски неактивен и ја чека вистинската шанса за да се врати во фудбалската елита, а како што стојат работите, тоа ќе се случи по крајот на Светското првенство кое ќе се одигра наредната година.

Зизу долго го чека селекторското место во Франција и се чини дека конечно ќе го дочека по најавеното заминување на Дидие Дешамп, но во ситуација кога има многу слободно време да ги следи сите активности во фудбалска Европа, Французинот во последното обраќање за „Футмеркато“ открива од кој играч останал посебно воодушевен.

Зидан се приклучи во низата пофалби кои ги дадоа Вилја, Инѕаги, Палмер, Бастони и Сака, потенцирајќи дека не памети дека видел талентиран фудбалер како Ламин Јамал на 17 години.

– Кога го гледате како игра, станувате на нозе. На пример, полуфиналето со Интер во Лигата на шампиони. Искрено, немам видено нешто слично во мојот живот. Доволно е да видите како доминира со своите потези на фудбалскиот терен, а кога тоа го прави на 17 години, тоа станува уште поимпресивно.

– Сите се забавуваме со него и за Јамал се претвори во пример кој треба да го гледаат сите млади играчи, – вели Зидан.