Милан го промовираше новиот спортски директор. Спортскиот сектор во иднина ќе го води Игли Таре.
Поранешниот спортски директор на Лацио ја доби работата пред Фабио Паратичи и некои други имиња.
Поранешниот албански репрезентативец работеше во Лацио 14 сезони. Во тој период, Лацио освои шест трофеи, три домашни купа и еден Суперкуп. И тоа во периодот кога заминувањето на Серџо Крањоти предизвика сериозен финансиски пад.
Таре во Лацио речиси перфектно си ја заврши работата. Работеше по принципот купи ефтино, продај скапо. Многу играчи беа продадени за двојно поголема сума како што се Антонио Кандрева, Лукаш Биља, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Педро Нето, а Лацио дури и не ја прифати најдобрата понуда, туку задржа некои играчи многу подолго од нивната „врвна“ вредност. Еден од нив е Чиро Имобиле, кој целосно експлодираше во Рим истана клупска легенда.
Исто така, под водство на Таре, Лацио беше отскочна даска за некои тренери како Владимир Петковиќ, Стефано Пиоли и Симоне Инзаги. Во Милано, неговата прва задача ќе биде да го пронајде вистинскиот тренер, а потоа и играчите кои ќе направат разлика на теренот, а воедно ќе донесат и придобивки во касата на клубот.