Кристијано Роналдо испрати проштална порака до навивачите и целото семејство на Ал Наср непосредно пред полноќ, а неговата објава експресно стана топ тема во јавноста, особено во ситуација кога како слободен агент може да бира клуб кој ќе настапува и на Светското клупско првенство.
Според информациите, целта на Португалецот е да биде дел од новоформираниот клупски мундијал на ФИФА, но доколку навистина сака да дојде до такво нешто, мора да направи трансфер во наредните две или три седмици.
Светското клупско првенство започнува на 15-ти јуни и ќе се игра речиси до средината на месец јули, а во ситуацијата кога Роналдо сака да биде дел од летната фудбалска треска која следи, неговиот агент Жорже Медеш ќе мора да му пронајде клуб во најскоро можно време.
Роналдо во својата проштална порака до Ал Наср не даде точни информации за својата иднина, но јасно стави до знаење дека фудбалската приказна има уште неколку епизоди за пишување.
– Ова поглавје е завршено. Приказната се уште се пишува. Благодарен сум на сите, – гласи пораката на Роналдо.
This chapter is over.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 26, 2025
The story? Still being written.
Grateful to all. pic.twitter.com/Vuvl5siEB3