ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Нема потреба од лидерска средба

Макфакс

26/05/2025

14:50

194

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ, дека премиерот, Христијан Мицкоски, одбил лидерска средба.

Ако Венко сака средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев, тоа се исти луѓе со исти вредности.

„Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса. Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми. Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно. Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија“, пишува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче е синоним за корупција и предавства. „Затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.