Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео во кое се осврна на сè почестите шпекулации за неговата здравствена состојба, велејќи дека болеста и смртта се „патот на секој човек“, но директно не ги негираше наводите за влошување на здравјето.
Во видеото, објавено на неговиот официјален канал на Телеграм, Кадиров не зборува директно пред камерата – прикажан е како оди, видливо изморен, додека преку видеото може да се слушне глас како чита порака во негово име.
„Сè почесто слушам озборувања за мојата болест. Велат дека умирам и дека не ми останува уште многу време. Прво, болеста и смртта се патот на секое човечко суштество. Никој жив не избегал од тој пат. Второ, ниту болеста ниту заканата не го скратуваат животот. Неговата должина ја одредува само оној што ти го дал здивот“, се вели во пораката.
Во продолжение на порака се додава: „Ако ми е судено да живеам 50, 60 или 70 години, ќе ги живеам како што е определено и никој нема да ми одземе ниту еден ден“.
Кадыров прокомментировал «сплетни» о своей болезни
— Новая газета Европа (@novayagazeta_eu) May 27, 2025
В телеграм-канале Рамзана Кадырова был опубликован 45-секундный ролик, в котором глава Чечни идет возле башни. Закадровый голос от его лица зачитывает следующее:
«Все чащу слышу сплетни о своей болезни. Мол, я умираю, мне… pic.twitter.com/BPdgOWJk6G
Оние што шират информации за неговата болест се нарекуваат „озборувачи без храброст“ кои „се кријат во странство како глувци“.
Инаку Кадиров е роден на 5 октомври 1976 година. Тој е на чело на Чеченија, која формално е федерален субјект на Руската Федерација, од 2007 година. Украинскиот парламент ја признава Чеченија како привремено окупирана територија под името Чеченска Република Ичкерија.
Сè повеќе гласини за влошено здравје
Видеото доаѓа откако рускиот независен портал „Новаја Газета“ претходно овој месец објави дека здравјето на Кадиров видливо се влошува и дека во политичкиот врв биле активирани сценарија за промена на власта во Чеченија.
Според тој медиум, Кадиров страда од некроза на панкреасот – тешка дијагноза која, како што велат, не остава простор за закрепнување, пренесe Индекс..
Гласини за неговата лоша здравствена состојба периодично се појавуваат од минатата година, но официјален Кремљ никогаш не ги коментираше, а самиот Кадиров досега во голема мера ги игнорираше или исмејуваше.
Ова објава, иако не содржи директно признание за болеста, е прв пат чеченскиот лидер воопшто да признае дека постои јавна и медиумска загриженост за неговото здравје.
Што е некроза на панкреас?
Некрозата на панкреасот е сериозна и опасна по живот компликација на акутен панкреатит – воспаление на панкреасот.
Тоа е состојба во која ткивото на панкреасот умира, најчесто поради воспалителен процес кој е исклучително агресивен и може брзо да се прошири.
Кога воспалението на панкреасот е силно, ензимите што панкреасот нормално ги лачи за варење можат да се активираат во самата жлезда и да почнат да го разградуваат сопственото ткиво. Ова води до самоварење и некроза – смрт на клетките во погодената област.
Морталитетот во тешки случаи може да биде многу висок, особено ако се појави сепса или повеќекратно откажување на органи. Преживувањето зависи од брзината на дијагнозата, навременото лекување и општата здравствена состојба на пациентот.