Моќта на Јирген: Клоп ја промени ситуацијата со Трент и се погрижи за прекрасна сцена на „Енфилд“

Дерби

26/05/2025

14:24

1.622

Големина на фонт

а а а

Ливерпул вчера ја одјави сезоната во која стана национален шампион во Англија, а тоа го направи со реми против Кристал Палас во натпревар кој немаше резултатско значење.

Тимот на Арне Слот измаршира до 20-та титула во својата клупска историја во домашното првенство и се израмни на вечната листа со Манчестер Јунајтед, но што е уште поважно, тоа го направи негувајќи извонредно атрактивен фудбал каков што навикнавме да гледаме и под водство на Јирген Клоп.

Како што вети, Германецот се појави на „Енфилд Роуд“ дури откако титулата беше осигурана, па вчера во ВИП ложата беше и поранешниот менаџер кој за овој меч за погрижи да видиме и еден голем пресврт.

Клоп ги искритикува навивачите на Ливерпул кои му испратија жестоки свирежи на Трент Александер Арнолд на дерби пресметката со Арсенал, па сега наместо исвиркувања, десниот бек беше награден со аплаузи и овации кога неговото име беше изговорено од спикерот.

Арнолд на крајот доби топло заминување од својот дом, а најзаслужен за тоа е Клоп кој пред неколку дена ги освести навивачите на Ливерпул со емотивно обраќање.

Видеото погледнете го ТУКА.