Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј на Штаермеркише Шпаркасе

Точка

26/05/2025

14:11

118

Големина на фонт

а а а

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење.

Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа реномирана банкарска институција веќе два века ја пружа на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото „Светот на иднината“ – (#TheWorldOfTomorrow), Групацијата Штаермеркише Шпаркасе праќа силна порака за иднината – дека со заедничка посветеност можеме да создадеме подобар свет за сите нас.

- „Во 2025 година славиме 200 години постоење, историја и визија. Горди сме што Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе со полни два века искуство, а истовремено предводник на новите генерации клиенти и вработени, кои гледаат кон иднината со сигурност и оптимизам. Нашата улога не е само финансиска, без разлика дали се млади корисници, мали бизниси или големи корпорации – ние сме присутни таму каде што навистина значи. Веруваме во долгорочни односи, па затоа нашата мисија останува иста, со нашите клиенти да бидеме партнер од доверба, кој ги разбира потребите на луѓето и активно придонесува кон развојот на заедницата“ – изјави г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.


Во време на забрзани промени, Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да гради стабилна основа, притоа инвестирајќи во иновации, во луѓе и во заедницата. Во текот на оваа година, како и во досегашното дејствување, Банката ќе се посвети на директни инвестиции во заедницата преку поддршка на клучни сегменти, и тоа: едукација и финансиско здравје, грижа за животната средина, одржлива и зелена економија, култура, спорт и проекти за одржливост.

Во чест на својата 200-годишна традиција, групацијата Штаермеркише Шпаркасе започнува јубилејна кампања посветена на прашањата што го обликуваат нашето општество и иднина. Кампањата се фокусира на важни теми какви што се: Каков ќе биде светот во кој ќе живееш? Што те инспирира и ќе ти донесе радост? Какви предизвици те чекаат и со кого ќе ги споделиш?


Иако не можеме да предвидиме точно каква ќе биде иднината, искуството од 200 години покажува дека вербата во секој поединец е најголемиот двигател за напредок. Заедно можеме да поместиме планини и да изградиме свет полн со можности и оптимизам.