Просечната бруто плата во март во Србија изнесувала 148.652 динари, просечната нето плата, односно плата без даноци и придонеси, изнесувала 108.013 динари, објави денес Заводот за статистика на Република Србија.
Растот на бруто и нето платите во периодот јануари-март 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11,2 проценти, односно 6,4 проценти во реалност.
Во споредба со истиот месец минатата година, просечните бруто и нето плати за март годинава се номинално повисоки за 11,5 проценти, а реално за 6,8 проценти.
Средната нето плата за март 2025 година изнесувала 81.793 динари, што значи дека 50 проценти од вработените заработиле до овој износ.